Приведен криминалец од Сарај баран со потерница

 На 04.03.2022 во 22.20 часот во с. Сарај, скопско од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Н.Н.(28) од с. Сарај, кој бил баран по централна потерница од КПУ Идризово заради бегство од установата. 

Тој издржувал казна затвор од две години и девет месеци за сторено кривично дело „Перење пари и други приноси од казниво дело“ казниво по член 273 и кривично дело „Криумчарење на мигранти“ казниво по член 418б од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено на канено поправната установа.