Приведен дилер од тетовско, при претрес пронајдена дрога

На 20.09.2023 во 18.50 часот во тетовско Непроштено, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 34-годишниот А.Ш. од истото село. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.