Приведен 42-годишник кој пукал со пиштол на коледе

Полициски службеници вчера во 07.50 часот го лишиле од слобода Г.Д.(42) од Прилеп.

Како што соопшти МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, бил пронајден и одземен пиштол „Екол“ 9 мм.

- По преземени мерки и активности било утврдено дека тој за време на празникот Коледе го нарушил јавниот ред и мир, пукајќи со пиштолот, информира МВР.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, ќе следи соодветен поднесок.