Приведен 25-годишник за издржување тригодишна затворска казна

Вчера на ул.„Јани Лукровски“ во Скопје, полициски службеници од тим потраги од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Центар и Бит Пазар го лишиле од слобода Н.Д.(25) од Велес.

Како што соопшти МВР, тој бил барано по централна потерница врз основа на наредба на Основен суд Велес за издржување казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 186 од Кривичниот законик.

-Лицето ќе биде предадено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната, информираат од МВР.