Приватните превозници нема да блокираат, на повидок договор со Град Скопје

Приватните превозници денеска беа на состанок со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а по истиот велат дека се задоволни и наскоро би можеле да се вратат на улиците на главниот град.

Претставниците на приватните превозници се задоволни од понуденото, но не откриваат детали од средбата, иако кажаа дека добиле совети и ќе следат реформи во јавниот сообраќај.

Исто така, приватните превозници порачаа дека кон нив нема долг Град Скопје, туку ЈСП, но за повеќе детали ќе се разговара на новата средба која ја најавија во текот на оваа недела.

Град Скопје претходно им го прекина договорот на приватните превозници, кои ги блокираа улиците, меѓутоа сега делува дека конечно се блиску до договор и враќање во сообраќај.