Притворен е 50-годишен крадец

Вчера,  на подрачјето на Драчево полициски службеници од Единицата за внатрешни работи-Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево и од Полициската станица Драчево привеле крадец.

Според извештајот на МВР, станува збор за Г.Ј.(50) од Скопје.ој се сомничи дека неколку часа претходно извршил кривично дело „тешка кражба“ од продажен објект на подрачјето на Драчево. Во службен разговор Г.Ј. го признал делото, а дел од одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.

Од полицијата известуваат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.