Притвор за битолчанец кој извршил полов напад врз внука

Битола е во шок. Според основани сомневања жител на едно битолско село деновиве извршил полов напад врз малолетна внука.

Поради таквите основани сомневања Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“.

Јавниот обвинител до Основниот суд Битола поднесе предлог за определување притвор за осомничениот, бидејќи постојат околности што укажуваат дека постои основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоци и дека постои опасност тој да го повтори кривичното дело. Судијата на претходна постапка при Основниот суд Битола го прифати предлогот и со решение определи притвор за осомниченото лице во траење од 30 дена, информираат од Јавното
обвинителство.

Обвинителството поведе постапка поради основано сомневање дека осомничениот на 23-ти овој месец во претпладневните часови, ги искористил блиските роднински врски со детето и стекнатата доверба и извршил друго полово дејствие врз детето кое не наполнило 14 години. М.М.