Пристигна втората група граѓани на Авганистан

Попладнево на скопскиот аеродром слета втората група на граѓани од Авганистан. Вкупно 45 луѓе, меѓу кои дванаесет семејства пристигнаа во Скопје со лет од Катар.

На аеродромот во Скопје овојпат немаше свечен пречек за пристигнувањето на новата група на Авганистанци. Претходно една група од 149 Авганистанци пристигна во земјава.