Припорчани на протест пред општина Кисела Вода

20-тина жители на населбата Припор утрово излегоа на протест пред општина Кисела Вода, поради појавеното свлечиште на ул. 14, поради кое загина работник на крајот на месец ноември, пренесува Фокус.

„Ние сме оставени на милост и немилост од градоначалникот. Пред 20-тина дена загина човек, а што кога ќе падне првиот снег. Господине Темелковски, мораме да ви кажеме дека ве гласавме и бараме решение на овој проблем. Протестите ќе продолжат додека не се реши овој проблем. Принудени сме на вакво нешто, а попладне ќе се префрлиме и на булевар Борис Трајковски“, порачаа денеска присутните.