Принова во скопската Зоолошка - се роди овој тробоен убавец!

Продолжува бејби-бумот во скопската Зоолошка градина. 

-Пролетно имаме и трето бебе кај ламите, со уникатни шари, објавија вчера оттаму споделувајќи фотографија од машкото бебе со три бои. 

Фотографијата предизвика убави реакции кај јавноста кои се согласија дека несомнено е уникатно шарано ова бебе лама!