Принова во скопската Зоолошка: Се роди еленче од видот лопатар

Убави вести од скопската Зоолошка градина. Утрово на свет дојде новороденче еленче лопатар. 

- Утрово не пречека прекрасна глетка во Скопје ЗОО. Мајката елен лопатар ни го покажа своето новороденче кое дошло на свет рано наутро.  Да ни е живо и здраво! - објавија од Зоолошката градина во Скопје.