„Примитивци низ улиците“ - Скопјанка сподели како била „влечена“ од автомобил во Центар, а возачот ѝ рекол дека заслужила

Скопјанка утрово на својот фејсбук профил сподели за своето непријатно искуство на една улица во Центар. 

- Утрово додека се движев по улица „Максим Горки", веднаш до самиот тротар, а како што знаете, таа улица е затрупана со паркирани возила, па немате многу избор каде ќе одите, без да чујам било каков звук одеднаш нешто ме завлече. Додека се свестив, видов дека кола со златна боја се струже од мене и ме влече! - го започнува својот исказ Марина и продолжува: 

- Осетив болка во левата рака и левата нога, бидејќи баш ме загреба и ме удри. Колата застана пред хотел „Мериот“, типот си излезе како ништо да не се случило. Му се приближив и му реков дека ме повреди, ми одговори дека сум заслужила, затоа што не сум била на тротоарот. Му одговорив дека е психопат и дека можел барем да се извини.

Веднаш се јавив на 192.

Ми рекоа дека мора да одам во најблиската болница за да имам лекарска потврда за повредата.

Регистрацијата беше SK 004 VC некакво количе со златна боја.

 На крајот, повредена и крајно револтирана праша: 

- До кога вакви примитивци ќе дивеат по улиците и ќе се изживуваат на пешаци? Како тоа сум заслужила тој да ме згази само затоа што сум била веднаш до тротоарот, на речиси два чекори од пешачка зона? 

- Доколку во Германија се случи вакво нешто и како пешак мораш да поминеш на улица затоа што има непрописно паркирани возила на местото каде треба да се движат пешаци, вината ја носат и тие што ги попречуваат движењето на пешаците по за нив предвидени места. Ама тука и крив ќе испаднеш што не си прелетал над колите, споделува друга скопјанка на темава.