Кривично ќе се гони прилепчанец кој одзел пиштол од шумски полицаец, па подоцна и пукал.
- СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.К.(36) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 29.09.2024, пријавениот му одзел пиштол на шумски полицаец, по што пред угостителски објект во Прилеп испукал неколку пати од пиштолот, информираа од полицијата.