
Приказната за скопското куче Божо е особено емотивна за вљубениците на животни.
Божо некогаш бил домашен миленик, но подоцна се нашол на улица. Заловен е подрачјето на скопски Аеродром. Го поминал хуманиот третман во „Лајка“ и сега повторно е вратен на својата локација, но тој не ја сака улицата, сака човечка блискост.
- Речиси секој ден добиваме повици од граѓани дека влегува по локали, влезови и дворови барајќи човечка блискост, споделија од јавното претпријатие упатувајќи апел за вдомување на ова добро животно.
- Кога Божо првпат беше пронајден, на себе имаше околувратник, што ни кажува дека некогаш бил нечие домашно куче. Сега повторно го бара тоа што некогаш го имал - свој дом и свое семејство. Божо е прекрасно младо кутре, помладо од една година, полно со љубов, енергија и желба да биде покрај луѓе. Не заслужува да талка по улиците и да бара внимание по локали и влезови. Заслужува свој кревет, свои луѓе и живот исполнет со љубов, наведуваат од Лајка.
Да се потрудиме заедно да му помогнеме да ја пронајде својата среќна приказна.
Споделете – можеби токму вашето споделување ќе го донесе домот што Божо толку долго го чека.