Пријавено семејно насилство во Гостивар

Жена од Гостивар пријавила во полиција дека била физички малтретирана од страна на нејзиниот 34-годишен сопруг. Настанот се случил вчера, доцна попладне. 

Од СВР Тетово велат дека сторителот нешто подоцна самиот се пријавил во полиција, каде е задржан и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.