Пријава за скопјанец кој уништувал архивски материјал без дозвола

Против 59-годишник од Скопје е поднесена кривична пријава, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,уништување или прикривање на необработен архивски материјал".

Од МВР информираат дека пријавениот, инаку управник на експозитура во АД „Пошта на Северна Македонија", во текот на 2021 година самоволно придонел за уништување на документиран службен материјал за 2018 година, без да има дозвола и одобрение добиени од Државниот архив на Република Северна Македонија за уништување на предметниот службен материјал.