При претреси на имот на струмичанец пронајдена поголема количина на дрога - во хаварисано возило затекната негова соработничка како ја пакува

СВР Струмица поднесе кривична пријава против 66-годишниот В.К. од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори’’ и ,,поттикнување’’ и против 61-годишната Д.Т. од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „помагање“.

Како што се наведува во полицискиот билтен, на 04.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на првопријавениот, во угостителски објект во село Колешино, како и во објект на правно лице, сопственост на првопријавениот, при што биле пронајдени марихуана, 140 гранки од растението канабис, семки од растението канабис и дигитална вага.

Додека, при претресот на објект на правното лице, во хаварисано возило била затекната второпријавената која пакувала марихуана.