При претрес во радовишко пронајдена марихуана - уапсени се две лица

При претрес во радовишко пронајдена била марихуана. Лишени од слобода се две лица.

Како што информираат од МВР, вчера (04.12.2025) во 20:25 часот во атар на село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода Е.К.(21) и Ѓ.И.(30), двајцата од село Бучим, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана.

Подоцна, со судска наредба, извршен е и претрес во домот на Е.К. во село Бучим, при што, исто така, е пронајдена марихуана.

Тие се задржани во полициска станица, за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.