При претрес во гостиварско, пронајдени дрога, пушка, муниција

Вчера во 22 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полицијата ја уапси 29-годишната Џ.З од гостиварско Дебреше откако во нејзиниот дом биле пронајдени дрога, пушка и муниција.

„При претрес во домот и помошни простории во с.Дебреше, каде што живее со нејзиниот сопруг Д.Н.(29) од Дебреше, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, саксија со засадено стебло од канабис, кутија со семки од растението канабис, две дигитални ваги, една пушка, 144 парчиња муниција и пари. Таа е задржана во полициска станица и се преземаат мерки за пронаоѓање на Д.Н., кој не бил присутен на претресот“, се вели во билтенот на МВР.

Од полицијата посочуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот и ќе следува соодветен поднесок.