Вчера во 18.40 часот на патот ГП Табановце- Куманово полицијата при преглед на моторно возило „фиат браво“ со скопски таблички, пронашла кутии со птици и храна со птици за кои лицето кај кои биле пронајдени не поседувало никаков документ за нив.
Возилото било управувано од К.Д. (65) од с.Ангелци, Василево кој кажал дека птиците и храната ги носи од Бујановац, Р.Србија.
Од МВР известуваат дека бил известен јавниот обвинител и инспектор од Агенција за храна и ветеринарство, а К.Д. е лишен од слобода за понатамошна постапка. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.