При претрес на пакет, наменет за осудено лице во затворот во Идризово, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (11.01.2026) во 15:00 часот во СВР Скопје, од Казнено поправната установа Затвор-Идризово било пријавено дека околу 12:30 часот при извршен претрес на пакет кој бил наменет за осудено лице А.Н.(39) од Скопје, биле пронајдени и одземени 220 таблети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.