Претставите во МНТ поради полицискиот час ќе почнуваат од 19 часот

Македонскиот народен театар информира дека изведбата на претставите „Кец на десетка“, „Последната лента на Крап“ и „Влези не се соблакај“  кои се на репертоарот од утре ќе започнат во 19 часот.

Причина, како што информираат е одлуката на Владата на Република Северна Македонија, која беше донесена денеска, а истата се однесува за воведување полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда 10 март.