Претреси во Кондово и Скопје, приведени крадци

Полициски службеници од ЕВР – ОКР Ѓорче Петров, по претходно добиена судска наредба во врска со извршена тешка кражба, на 26 ноември 2020 извршија претреси кај Е.Б. (22) Скопје и С.С. (21) од село Кондово и ги лишија од слобода.

Претходно, како што соопшти МВР, на 19 ноември 2020 во полициска станица бил повикан А.А. (24) од село Љубин.

– По преземените мерки и активности, расчистена е тешка кражба извршена на 19 ноември 2020 во маркет во Ѓорче Петров, од каде биле одземени пари. Против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство, наведуваат од МВР.