
Вчера во периодот од 15:00 до 18:45 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во врска со претходно пријавено кривично дело „насилство“, извршено претходниот ден, при што со нож биле повредени две лица, по добиена судска наредба извршиле претреси на две локации кај Б.И. (38) од Тетово.
При тоа, како што се наведуваво полицискиот билтен, во патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Б.И., пронајден бил пиштол кој го поседувал со дозвола, додека во куќата била пронајдена една рамка за пиштолот.
При претрес во објект во Тетово, сопственост на Б.И., пронајдени биле два пиштоли за кои немал дозвола, како и тефтери со евиденција и пари.
Поради сомневање за сторени кривични дела, од слобода биле лишени Ш.А. (62) и Е.А. (60), двајцата од Тетово.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.