Претрес во прилепско: Полицијата пронајде пиштоли, пушка и муниција

Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола денеска го лишиле од слобода 37-годишниот Г.Ј. од Битола.

-При претрес во домот кој го користи во с.Тополчани, прилепско, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени два пиштола, три рамки за пиштоли, една пушка и неколку куршуми со различен калибар, информира МВР.

Лицето е приведено во полициска станица и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.