Претпладне сончево, попладне можен дожд

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе има локално зголемување на облачноста проследено со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието, засилен ветер од северен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Околу пладне облачноста повремено ќе се зголемува и во делови од Скопската Котлината е можен краткотраен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 20 степени.

Од утре следува период на стабилно време со ниски утрински температури, а дневните од четврток ќе бидат во пораст. До утре ќе дува засилен, а потоа умерен северен ветер.