Претпладне сончево и ветровито, попладне најави за навреме

Времето претпладне сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степена. УВ=7

Во Скопје, претпладне сончево со слаб северен ветер. Од пладне ќе има развој на нестабилна облачност со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Во сабота ќе дува засилен северен ветер, а претежно во планинските подрачја ќе има појава на краткотраен дожд. Од недела следува период на претежно стабилно време со постепен пораст на дневните температури.