Претпладне сонце, попладне невреме

Времето ќе биде сончево со умерена облачност, попладне и кон крајот на денот со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност, попладне во делови од Скопската Котлина ќе има појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, повремено и засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 23 степени.

За време на викендот ќе преовладува стабилно и релативно топло време. Во почетокот на следната седмица повторно ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.