Претпладне облачно, попладне дожд - утре драстична промена на времето!

Времето во Македонија денека ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Дневните температури ќе се движат од 5 до 12 степени Целзиусови.

Во Скопје се очекува претежно облачно време, попладне и кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и дневни температури од 8 до 14 тепени. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.