Претепано момче побарало помош во болница, полиција го расчистува случајот

На 23.12.2021 во 03.39 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ со тешки телесни повреди на преглед се јавил Р.С.(24) од Скопје.

Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив Р.С. изјавил дека во нас.Влае бил физички нападнат од повеќе лица кои притоа употребиле разни предмети.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.