Претепан 83-годишник во зграда во Скопје

Вчера се случила физичка пресметка меѓу две лица, при што бил истепан 83-годишник.

- На 01.02.2023 во 06.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во зграда на ул.„Драгиша Мишовиќ“ во Скопје, Ѓ.И.(64) од Скопје физички го нападнал Б.П.(83) од Скопје, при што употребил и предмет, информира МВР.

Полициски службеници од Полициската станица Карпош излегле на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.