Престанете, ве молам престанете!

Престанете да плукате по сѐ што вам не ви се допаѓа, затоа што вие не сте единица мерка за работите.

Престанете да ги исмејувате мајките кои ги облекуваат децата во бои усогласени со нивните, затоа што тоа нив ги прави среќни, а вас воопшто не ве угрозува.

Престанете да се преправате дека не слушата турбофолк или да глумете лудило затоа што навистина не ги слушате, затоа што она што го правите со вашите уши нема никаква врска со тоа каков човек сте вие.

Престанете да ја користите главата само за филтери.

Престанете да ја коментирате туѓата килажа, стил на облекување, гради, воспитување, шминка, чадори, избор на партнер, ручеци, вечери, висина на штикли, затоа што вие ја гледате само површината, а под неа се наоѓаат длабочините до кои не можете да стигнете.

Престанете да се омаловажувате себеси пред другите.

Престанете да мафтате со таа хелиумска самодоверба која ако малку ја пуштите ќе одлета од вас, затоа што никогаш и не ви припаѓала.

Престанете да се насладувате од плукањето по други, затоа што кога некој ќе ви го направи тоа на вас – ќе ви биде многу горчливо.

Престанете да се расправате на интернет, затоа што со тоа само ќе изгубите нерви.

Престанете да ги чекате понеделниците, почнете уште веднаш.

Престанете празнините во себе да ги пополнувате со луѓе кои не го заслужуваат тоа, пополнете ги со самите себе.

Престанете да читате само наслови, прочитајте книга.

Престанете да кукате, решете го изворот на кукањето, а ако не можете да го решите, прифатете го тоа.

Престанете да чекате да се случи нешто лошо, затоа што може нема да се случи, а и ако се случи, ќе пројде, затоа што сѐ проаѓа во животот.

Престанете да мислите дека болестите може да им се случат само на другите и почнете уште од денес да се грижите за себе.

Престанете да им дозволувате на другите пред вас да зборуваат лошо за луѓето кои ги сакате.

Престанете да мислите дека сте магистри по родителство и дека сѐ знаете, затоа што поим немате.

Престанете да плукате по мажите само затоа што е во мода, пофалете ги кога ќе заслужат, критикувајте ги кога треба – но, правете го тоа во приватноста на вашиот дом.

Престанете да ги одржувате пријателствата кои веќе одамна се на апарати. И тие загуби ќе ги преживеете.

Престанете да живеете на работа, ќе ви пројде животот.

Престанете да им дозволувате на другите да го искористуваат вашето време за тие да имаат време за себе.

Престанете преку храната да го надоместувате недостигот од љубов.

Престанете да се критикувате самите себе до степен да бидете неспособни да примите комплимент без да се плукате самите себе.

Престанете да го гледате во огледалото само она што би го менувале кај себе.

Престанете да ги сакате другите повеќе отколку што се сакате себеси.

Престанете да се терате себеси да бидете среќни со сила – и тагата понекогаш е во ред.
И сега сите овие работи заменете ги со нешто што би можеле да го започнете во моментот кога ќе престанете со горенаведените работи.

Еве и јас ќе го направам тоа.