Престанете да верувате во лагите дека не сте доволно добри

Сите понекогаш се соочуваме со намалена самодоверба, чувство дека не сме доволно добри или пак дека другите се подобри од нас. 

Никој од нас не е имун на ваквите лоши мисли. Но, не мора да биде така. Барем не повеќе од еден момент.

Се случуваат различни ситуации во нашиот живот кои прават да се сомневаме во себеси и на крајот почнуваме да веруваме во сопствените лаги. Тоа е во ред доколку се случува на еден момент, но никогаш не треба да дозволиме тоа да нè дефинира како луѓе. 

За многу луѓе, тоа е скриена тајна и никогаш не би знаеле дека се чувствуваат така, тие носат насмевка на лицето и се смеат постојано. Но, тие постојано се сомневаат во себе, имаат поверувано во своите лаги и мислат дека не се сакани од никого и дека не можат да бидат сакани. Но, тоа е голема лага. 

Нашиот ум често се фокусира на негативните работи и почнуваме да веруваме во тоа, а ги занемаруваме оние позитивните, убави работи кои ни се случуваат. Си велиме не е толку важно ако нè унапредат на работа, не е важно ако нашата коса е убава денеска, не е важно ако најблиските нè сакаат највеќе што можат. Си повторуваме и си повторуваме дека сме неуспех. Но, не сме!

Најдобриот начин да живееме исполнет живот е да се сакаме себеси, да се прифатиме себеси онакви какви што сме. Најдобриот начин да бидеме сакаме е и тој. Не можеме да очекуваме никој друг да нè прифати ако не се прифатиме себеси прво. Колку и да звучи како клише, тоа е вистината. 

Тешко е да се смени наративот особено ако долго време сме верувале во нешто, но ништо не е лесно во животот. 

Од другата страна на лагите, лежи вистината која ќе ве ослободи. Тоа е вистината дека никој на овој свет не е совршен, а не сте ни вие. Но, можете да бидете најдобрата верзија од себе, прво за себе, а потоа за другите. Обидете се.