Престанете да им давате втора шанса на луѓето кои не го заслужуваат тоа

Некои луѓе не заслужуваат една, а особено не втора шанса.

Photo by Kristina Tripkovic on Unsplash

Но, луѓе сме и сите сме поминале низ истото. Веруваме во добрината на една личност и откако ќе им дадеме една шанса и веруваме дека вториот пат ќе биде поинаку, но грешиме.

Но, вината не е во нас. Не сме ние виновни што веруваме во добрите намери и зборови. Нивна е грешката што дозволуваат да си поигруваат со некој кој е чесен и верува во добрината. Главното прашање е: Што мислат дека направиле?

Си поиграле со нашата добрина? Нè излажале? Успеале да нè победат? Не, не постигнале ништо од тоа.

Само си поиграле со нечија добрина и чесност, но и со сопствената карма.

Некои луѓе ни ги покажуваат знаците кои не ги гледаме или не сакаме да ги видиме, тие ни го покажуваат своето вистинско лице со текот на времето, но ние гледаме нешто во нив и мислиме дека се сонцето кое ни е потребно во животот. Но, напротив, ние сме нивното сонце, а тие се облакот кој сака да ја украде нашата светлина, да нè згасне.

Ваквите луѓе секогаш ќè не разочаруваат. Колку шанси и да им дадеме, тие ќе продолжат да го прават тоа, бидејќи тоа е врежано во нивниот карактер. Тие немаат морал и вредности кои би ги запреле да го прават она што го прават. Ним не им се важни другите. Тие си се само важни на себеси, важно е да е задоволено нивното его.

Не мораме да велиме дека се лоши, дека се погрешни, дека нешто ние сме погрешиле. Тие едноставно не се за нас. Нека продолжат со својот живот, со своите игри, но нам не ни се потребни неволји и драми. Потребни ни се луѓе на кои можеме да се потпреме и на кои можеме да им веруваме и тие се вистинските за нас. Точка!