Престанете да ги обвинувате другите луѓе за вашиот живот!

Повеќето луѓе не сакаат да преземат одговорност за своите дела, затоа што полесно е да се обвинуваат другите луѓе за проблемите отколку да се сфати и да се прифати дека тие самите се проблем. Вината е најлесниот начин како да се извлечеме од нешто.

„О, не сум роден/а под среќна ѕвезда, животот постојано ме фрла на под.“

Тоа е како да кажеш: „И онака имам вишок килограми, зошто да не си нарачам уште една пица?“ И натаму ќе имате вишок килограми доколку не го земете животот во своит раце и не го промените вашиот начин на живот. Треба да прифатите дека ќе искусите неуспеси и разочарувања. Треба да разберете дека нема секогаш работите да одат во ваша корист и дека животот не ви должи ништо. Единствено можете да ги контролирате вашите реакции на тие ситуации. Можете да се предадете или да одлучите да преземете контрола. Никој не рече дека ќе биде лесно.

Можете да направите попис на луѓето кои ќе ги обвинувате зошто животот не ви е по мерак: родители, пријатели, професори, маж, жена, сверква, итн., но на крајот се се сведува на вас и вашата личност. Се зависи од тоа каква личност сакате да бидете и што сте подготвени да жртвувате за да стигнете некаде.

Ако сакате да престанете да живеете лош живот, морате да ги направите неопходните промени. Ако навистина сакате да го промените животот на подобро, ќе пронајдете начин. Ако не, обвинувајте ги другите и пронаоѓајте изговори. Секоја личност има избор како да живее. Можете да кажете дека сакате нешто да промените, но треба да го промените менталниот склоп во главата и да се посветите на тоа. Не е тајна дека животот е тежок. Прашањето е само што ќе направите во врска со тоа?

Ќе седите и ќе трпите глупости или ќе се борите за тоа што го сакате? Кукањето и мрштењето нема да ве однесат никаде. На сите им се случуваат лоши работи, но на крајот на краиштата, никој не се грижи за вашите проблеми, затоа што секој си има свои проблеми.

Можете колку сакате да се жалите дека не сте го добиле унапредувањето кое го заслужувате, но на никој не му е грижа. Луѓето можат да ви кажат дека им е жал, но нема да останат будни поради тоа. Обвинувањето и покажувањето со прст кон други исто така нема да ве одведе никаде. Време е да преземете одговорност. Ако сакате добар живот, треба да го создадете. Време е да престанете да го обвинувате светот и да преземете контрола врз вашиот живот. Повеќето луѓе не сакаат да го направат тоа.

Неверојатно е колку луѓе се навредуваат кога ќе им кажеш да преземат одговорност. Вашите избори и дела ве довеле до тука. Можете да изберете да бидете жртва или да бидете позитивни без оглед на околностите. Среќата е избор. Вие сте единствената личност која стои на својот пат и која се спречува самата себе да биде среќна. Вие сте причината поради која сте несреќни, вие сте причината поради која врската не ви чини и причината поради која никогаш нема да бидете подобри од денес.

Вие сте причината поради која вашиот живот не е добар. Се е до вас. Се е до вашиот менталитет, вашиот поглед на живот, вашата способност да преземете одговорност и вашата желба нешто да промените.

Престанете да ги обвинувате другите луѓе и работи за вашите проблеми. Ако сакате животот да не ви биде ужасен, почнете така да живеете. Или продолжете да барате изговори и останете очајни. Изборот е ваш!