Престанете да барате изговори за луѓето кои се однесуваат лошо кон вас

Постои нешто што можеме да го забележиме кај луѓето околу нас. Секој од нив води своја борба.

Тоа се оние ситуации кога сакаат безвредни луѓе, кои не заслужуваат ниту една шанса.

Кога се нервираат поради лошото однесување на своите злобни пријатели, а повторно одат на ручек со нив.

Кога  се уште ги трпат злобните коментари на членовите од семејството и го трпат тоа само поради тоа што се крвно поврзани.

Не морате никому да дозволувате да прави да се чувствувате безвредно.

Не е лесно да се престане да се сака некого, не е лесно да се замине од пријателство или врска кои некогаш биле убави, тешко е да се донесе одлука да се пресече засекогаш со некоја личност. Не постои вистински начин да се направи тоа.

Но, морате да ја прифатите вистината. Всушност, и да ја изговорите на глас  - дека тие луѓе се однесуваат лошо кон вас, а вие не го заслужувате тоа. Престанете да барате изговори за луѓето кои се однесуваат лошо кон вас, престанете да им простувате.

Заслужувате многу повеќе од тоа. Заслужувате љубезност и заслужувате да бидете ценети. Пуштете ги да си одат сите оние кои ви даваат помалку од тоа.

cheap nike air max 90