
Проблемот со отпадот во Скопје зема епидемиски размери.
Преполни контејнери и ѓубре на сите страни е речиси секојдневна слика.
Ова се фотографии од улицата 1615 во населбата Аеродром. Од она што може да се забележи на фотографиите направени од случаен минувач е како по целата должина на улицата речиси сите контејнери се преполни, додека ѓубрето се излева на тротоарите. Она што е видливо со голо око е што овој отпад не е подигнат со денови.
На овој начин не само што се загрозува животната средина туку се загрозува и здравјето на луѓето.

Иако Комунална хигиена - Скопје редовно објавува како се подига ѓубрето насекаде низ Скопје, сепак фотографиите го говорат спротивното.
На граѓаните не им преостанува ништо друго освен вака да испраќаат фотографии се со цел да се допре до надлежните дека е време да си ја вршат работата за која се платени.
