Премиерот се пофали со 100% повисок минималец, следеа над 100 контра-коментари

 

Премиерот Димитар Ковачевски, вчера од собраниската говорница, се пофали дека минималната плата е зголемена за 100% во мандатот на оваа Влада и дека истата ќе продолжи да расте.

„Денес имаме зголемување на платите значи трошоците се пораснати за 13,5 проценти од тоа време, а само минималната плата е зголемена за 100 проценти“, рече Ковачевски.

Очигледно овој став не го делат повеќето граѓани, па така под објавата на оваа вест на официјалниот фејсбук профил на премиерот има над 100 коментари кои контрираат на неговите аргументи.

Револтот е очигледен! Еве што пишуваат граѓаните: 

-Минималната кога ќе ја напрајте 30 000 тогаш да се пофалите, бидејќи со оваа скапотија и таа е малку. До тогаш распишете предвремени мислам редно е пошто сте страшно неспособни!

-Вие господа од владата ја кревате просечната плата, а за работниците што зимаат минимална плата и пензионерите со најмала пензија да не зборуваме како го минат месецот. Се е 100% качено. вие не мислите за тие што го полнат буџетот.

-Пензијата за три години ми е покачена 300 ден.

-А трошоците никако да ги спомените, горивото 2 евра и се друго од 100% до 200% покачено. Или со вашите примања тоа не се приметува, срамота.

-Со поскапување на нафта, струја, и најважното храна светски рекорди во поскапување срушивте! Со сите покачувања, платата е тотално обезвреднета.

-Ако е зголемена за 100% тогаш треба да е 24000, а не 18000, башка трошоците за живот се зголемени за 100%

-Видете ги коментариве и кажете дека сте ги зголемиле платите. Срам да ве јади со тој златниот прибор од 30 000 евра.