Преку дигиталната платформа „мЗаедница“, карпошани ќе можат да пријавуваат проблеми и потреби од локален карактер

Општина Карпош утрово информираше дека преку дигиталната платформа мЗаедница на Општина Карпош, граѓаните можат да пријавуваат проблеми и потреби од локален карактер.

Платформата овозможува директен и брз контакт со кој се зголемува комуникацијата и довербата на граѓаните со администрацијата.

„Со мобилната апликација можете да пријавите проблем, да споделите фотографии и да ја следите реакцијата од надлежните служби.Преземете ја апликацијата мЗаедница на Google Play и приклучете се кон дигиталната револуција во Карпош“, велат од Општина Карпош во објавата на Фејсбук.

Линк до апликацијата: https://mzaednica.mk/