Преку ден продаваат чај, а преноќуваат каде ќе стигнат

На социјалните мрежи, вчера се појавија фотографии кои говорат за тажната реалност во која живееме: за високото на ниво на сиромаштија во државата, но и за фактот дека многу семејства живеат на работа на сиромаштијата и преживуваат, борејќи се за парче леб.

Станува збор за две бабички кои секојдневно пешачат од Стење до Охрид за да продаваат чај. На прашањето, каде преноќуваат, тие велат „каде ќе стигнат“.

Граѓаните во своите коментари прстот го вперуваат во политичарите и велат дека државата мора да најде начин за помош на социјално - ранливите поединци во општеството. Сите оние кои сакаат на некој начин да помогнат, можат да ги пронајдат на Кејот во Охрид, но и во Скопје на Зеленото пазарче каде го продаваат својот чај.