Прекрасно е чувството да се биде нечија тетка

Прекрасно е чувството да се биде нечија тетка! 

Онаа која разбира, која поддржува, која не се грижи неразумно, туку сака безгранично.

Тетките се другарки, идоли и најголема поддршка. Тие не осудуваат, не приговараат, ниту воспитуваат. Тие само сакаат. Купуваат подароци и даваат џепарлак. Одат со внуците во кино. Прават палачинки. Бришат солзи после првите разочарувања. 

Играат со сета сила среде соба на најубавите песни. Се глупираат со своите внуци, ги разгалуваат и им кажуваат дека се најдобри на светот. Кога тинејџери ќе ѝ речат на својата тетка дека е кралица, тоа е најголемиот комплимент кој може да го добие. 

Тетките се многу сакани и многу недостасуваат кога не се тука. Тоа е взаемна љубов која не може да се опише со ниту едни зборови!