Од година во година расте бројот на странски туристи што го посетуваат главниот град. Што најмногу сакаат да видат кога ќе пристигнат во Скопје и што e она што вреди да биде посетено?
На оваа тема, во вестите на ТВ Нова зборуваше Ангел Иванов, туристички доајен.
-Неделава не посетија туристи од Америка, Бугарија, Франција, Турција и од неколку други земји. Скопје освен што е метропола која е посетувана е град за светската солидарност, раскажа Иванов, кој низ интересни искуства што се таложеле низ годините, на еден автентичен начин зборуваше што е она што ги привлекува странците на нашата територија.
Во видеото на ТВ Нова ќе погледнете прекрасни инсерти од македонската метропола која странците ја посетуваат со огромно задоволство.