Прекрасни цитати за зрелоста и стареењето!

Никој не му се радува на стареењето, барем не на физичкиот аспект од него. Модерното општество го има направено овој процес уште потежок и понеподнослив. Денес сите се трудат да го запрат стареењето и да ги тргнат сите траги од стареењето.

Во општество истовремено опседнато со младост и со долговечност, многумина би дале се само за да го најдат изворот на вечната младост.

Меѓутоа постојат и многу добри работи кои доаѓаат со зрелите години. Овие цитати докажуваат дека годините се само број:

Животот вистински почнува во четириесетите години. Дотогаш само правиме истражувања.“ – Карл Јунг

Убавите, млади луѓе се грешка на придодата. Убавите, стари луѓе се уметнички дела.“ – Еленор Рузвелт

Толку многу научив за животот и чувствувам дека жените стануваат поубави со годините. Тие тогаш стануваат вистинска верзија на себеси, а тоа не го може ниту една девојка од 18 години.“ – Џенифер Гарнер

Не жалете што стареете. Тоа е привилегија која многумина ја немаат.“ – Непознат автор

Жените имаат склоност да се смируваат со годините, но најдобро изгледаат оние кои остануваат диви во срцето.“ – Миучи Прада

Колку сум постара, толку повеќе сфаќам дека најмногу вредат работите кои ништо не чинат.

Да се живее – тоа е најретка работа на светот. Повеќе само постојат и тоа е се.“ – Оскар Вајлд

Младоста нема години.“ – Пабло Пикасо

Годините се само број и тие се привилигегија  која светот ја има да ужива во твоето постоење.

Се радувам на старост затоа што тогаш се поневажно е како изгледаш, а се поважно кој си.“ – Сузан Сарандон

Го сакам тоа што стареам. Моите сфаќања се продлабочуваат. Можам да ги видам скриените врски. Можам да ги раскажам приказните за моите искуства и да ги применам. Можам да ги применам научените лекции. Работите едноставно стануваат се пофасцинантни. Убавината се открива во 1000 облици.“ – Викторија Ериксон

Почитувам едно правило: Ако температурата е помала од бројот на моите години, не станувам од кревет.“ – Елен Деџенерис

 

cheap nike free run 5.0