Прекинот на водоснабдувањето во Чаир се поместува за друг ден, наместо за утре

ЈП Водовод и канализација извести дека утре ќе има прекин на снабдувањето со вода во Чаир, но овој прекин е поместен за 20 јануари. 

Соодветно на тоа, на ден 20.01.2022 година ( четврток ),  поради  изведување на водоводен приклучок ф-300 мм., на ул. Војдан Чернодрински бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица, вклучително противпожарната станица и полициската станица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од  08:30 часот до завршување со активностите. (Општина Чаир)