
Oд скопски Водовод известуваат дека поради блендирање на ППХ од ф 80 мм и поправка на ПП црево од ф 6/4 на ул.Руди Чајевац бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Руди Чајевац, Фрањо Клуз, Коста Новаковиќ, Вангел Тодоровски и Пандил Шишков.
Прекинот е почнат од 13:00 часот и ќе трае до завршување на работните активности.