Прекинато водоснабдување во Драчево

ЈП Водовод и канализација извести дека поради дефект на ул. Драчевска 2, во населба Драчево, ќе биде прекинато водоснабдувањето, се до санирање на дефектот.

„Ве известуваме дека на ден 12.09.2018.поради дефект на приклучна цевка од Ф-1цол на ул.Драчевска 2 во населба Драчево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.Драчевска, Сердарот и Китка од 13:00часот до санирање на дефектот“, велат од ЈП Водовод и канализација.