Прекин на водоснабдувањето во дел од Бутел

Дел од корисниците лоцирани на улиците „Иван Манолев“ и „Алпи“ денеска од 10 часот имаат прекин во водоснабдувањето.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ –  Скопје, прекинот е поради дефект на огрлица ф-80мм на улица „Иван Манолев“ 191.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.