Прегазено 6-годишно момче во Хиподром

Дете на возраст од шест години се здобило со тешки повреди откако било удрено од автомбил.

Несреќата, информираат од полицијата, се случила вчера околу 15:30 часот на регионалниот пат Хиподром – Јурумлери, кај место викано „Дунек“.

-Патничко моторно возило „Сеат“ со скопски регистерски таблици управувано од Ј.И. (58) од Скопје удрило во дете на возраст од шест години. Во незгодата детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено и задржано во Комплекс клиники “Мајка Тереза“, информираат од МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

Сите денешни вести прочитајте ги тука.