Прегазен малолетен пешак со мерцедес, возачот избегал

Вчера (26 октомври) околу 13 часот и 25 минути, на регионалниот пат Тетово-Волковија, патничко моторно возило „мерцедес“ со непознати регистарски ознаки, удрило во малолетен пешак од тетовско Рогле и веднаш го напуштило местото, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Повредената малолетничка пренесена е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.

Уувид на местото на несреќата извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.