Прегазен 72-годишен пешак во Прилеп - возачот веднаш побегнал

Вчера во 03:50 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека  на булеварот „Гоце Делчев" во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Н.Т.(72) од Прилеп, по што возачот со возилото го напуштил местото.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Прилеп.

Увид на местото извршила екипа од ОВР Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.